Регион

Три лица осомничени и под истрага за хеликоптерската несреќа во Струмица

Нема одговор кои три лица се под истрага за хеликоптерската несреќа во Струмица во која загинаа четворица пилоти на МВР. Основото јавно обвинителство од Струмица не открива кои лица се под сомневање дека имаат дирекнта или индиректна одговорност за урнисувањето на хеликоптерот ми 17 пред три години при што загинаа Иљо Лопатичк, Драги Мицев, Марјан Трајковиќ и Тоде Орешков сите пилоти при минисеерството за внатрешни.

,,Бројните прибрани докази и извршени анализи до овој момент, укажуваат на основано сомнение дека трите лица извршиле кривично дело „Тешки дела против општата сигурност“. Надлежниот јавен обвинител и во текот на истрагата ќе продолжи да прибира податоци и докази, како и да сослушува сведоци кои ќе помогнат за целосно расветлување на случаjот. Ќе бидат сослушани и осомничените лица“ се вели во соопштението на Јавното обвинителство каде наведуваат што се како докази собрал надлежниот јавен обвинител.

Дали бил осветлен антенскиот столб, бил ли технички исправен хеликоптерот, имаат ли одоговорност контролорите на летање при мвр се дел од прашањата кои сеуште лебдат во јавноста а треба да одговори истрагата.

Семејствата на загинататите пилоти сеуште немаат информација што точно се случувало на 10 јули 2014 година кога при тренажен ноќен лет пилотите на МВР со хеликоптер удрија во антенскиот столб на македонска радиодифузија . Тогаш очевидци тврдеа дека еликоптерот летал неконтролирано, ниско, со невообичаен звук, а не бил и осветлен. Со перките закачил во 120 метарскиот антенски столб и експлодирал по падот.

Препорачуваме:

Откриени бесправно сечени дрва во двор во Радовиш

Ване Трајков

Комуналец ги санира последиците од невремето во Струмица

Сузана Мицева

Полицијата лиши од слобода жител од Радовиш кој избегал од затвор

Ване Трајков