Спорт

Владо Илиевски ги зближува кошаркарски Македонија и Словенија – носи 10 струмички деца на кампот Петар Вилфан

 

Долгогодишниот македонски репрезентативец Владо Илиевски реши летово да ја заврши својата фантастична кариера, но одличниот плејмејкер стави до знаење дека планира да остане дел од кошарката. Неговиот прв ангажман е насочен кон кошаркарско поврзување на Македонија и Словенија, преку испраќање на талентирани кошаркари од Македонија на камп во Струнјан што го организира легендарниот словенечки кошаркар Петар Вилфан.

„Знам што значи да се работи во странство, да се зајакне карактерот и да се увиди дека децата надвор од Македонија не се во ништо подобри од оние кај нас. Затоа, би сакал што повеќе деца од нашата Македонија да ги запознаат тие методи и таа фокусираност при тренинзите. Успеав да издејствувам десет деца од Македонија, на возраст од 10 до 15 години да бидат 14 дена дел од кошаркарскиот камп на Петар Вилфан во Словенија. Оваа моја иницијатива беше препознаена како позитивна од страна на познатиот словенечки бизнисмен Јанез Шкрабец, сопственик и директор на компанијата „Рико“. Тој е пријател на нашата земја, и претходно има поддржувано различни проекти поврзани со Македонија, па сега со огромно задоволство се согласи целосно да ги покрие трошоците за на овие десет деца да им се овозможи да тренираат во врвни услови и да напредуваат во кариерата“ – истакнува Илиевски.

Станува збор за деца до 14 години од повеќе школи од Струмица кои благодарние на Влатко Илиевски ќе имат можност да ги презентираат своите кошаркарски вештини но и да научат нови техники и тактики во кошаркарската игра. Македонскиот ас најавува дека ова е само почеток на една визија за подлабока соработка.

„Овие десет деца се само почеток, желбата ми е во иднина поголем број на кошаркари од Македонија да одат во Словенија. Станува збор за проект од кој нашата држава може да им само бенефит, децата побрзо да напредуваат и да дојдат до ниво за да играат сениорска кошарка. Јас веќе најавив дека и по завршувањето на играчката кариера ќе сторам се што можам за да помогнам на македонската кошарка, ова е еден од начините на кој можам позитивно да влијаам“ – оптимистички е расположен Владо Илиевски.

Инаку сите деца на овој камп од Европа ќе престојуваат по седум дена додека младите струмички таленти од 25 јуни до 8 јули.

 

Препорачуваме:

Работнички со Пандева и Станковска пресилен за Виктори, Наковски се прошета кај Макс

Ване Трајков

Во Гевгелија утре почнува Меѓународен меморијален турнир во кошарка

Сузана Мицева

Тешки противници за струмичките фудбалски екипи во КУПОТ

Ване Трајков