Забава

Ивана Трамп-поранешната сопруга на Доналд Трамп се откажа од амбасадорското место

Поранешната сопруга на американскиот претседател Доналд Трамп, Ивана Трамп, се откажа од барањето да биде американски амбасадор во Прага.
Иако Трамп таа функција ѝ ја понуди на поранешната сопруга, сепак на Ивана Трамп и се чинело дека тоа ќе биде премногу работа за неа, а со ова откажување таа го разбесне претседателот на Чешка Милош Земан.

„Навистина се налутив. Ако имав стап кај себе ќе следеше истата сцена како со чешкиот премиер. Требаше да застане зад она што го кажа и да чувствува одговорност кон земјата од која потекнува. А таа кукавички бега од одговорноста“, минатата ноќ за телевизија Барандов претседателот Земан раскажа за неговата средба со Ивана Трамп пред два дена во Прага кога дознал дека го одбила амбасадорското место.

Земан изјави дека Доналд Трамп навистина ѝ го понудил амбасадорското место во Прага на својата поранешна сопруга, откако самата таа јавно го побарала за на крај да ја одбие функцијата и да се правда дека како амбасадорка би имала премногу работа.

Земан минатата есен по барањето на Трамп, како што самиот претходно призна, веднаш почнал да лобира амбасадорка да биде баш таа.

„Му реков на Трамп дека, според неговите зборови, таа е неговата омилена поранешна сопруга. Ќе видиме дали да ќе ја испрати или не“, рече Земан. Чим Ивана Трамп, родена Зелњичкова, изрази желба да биде амбасадорка во Прага Земан јавно кажа дека подобар американски амбасадор во Прага не ни можат да испратат.

Покрај Ивана Трамп, како што призна вчера во интервјуто, Земан бил непријатно изненаден и од Доналд Трамп, кој досега имаше негова безусловна поддршка.

„Повик на лидерите на арапските земји за борба против екстремизмот и тероризмот изнесе во Ријад, кој е центар на радикалниот ислам. Во Саудиска Арабија до денешен ден организираат јавни егзекуции, жените ги каменуваат и до денес не постои еднаквост на двата пола. Трамп изнесе точни тези, но на погрешно место “, додаде чешкиот претседател.

Препорачуваме:

Видео: Падна првиот снег во Струмица

Сузана Мицева

Монодрамата „Таа“ на струмичкиот театар обележува 10 години живот на сцена

Сузана Мицева

Gunther Werks Porsche 400R: Перфекција за пола милион долари