Спорт

По Дени Илиев, ќе замине ли друго дете во Арсенал – Топчиите ловат таленти во Струмица

Струмица е домаќин на тридневниот „Арсенал камп“ на кој учествуваат деца, талентирани фудбалери од Македонија, Бугарија, Србија и Косово. Присутен е и скаутот на клубот Арсенал, Лакис Папајоану кој е со намера на најталентираните да им го отвори патот кон овој премиерлигаш.

Вршителот на должноста градоначалник, Костадин Костадинов и претседателот на Советот на општина Струмица, Јосиф Христов, ги посетија дечињата и нивните тренери.

Поздравувајќи ги, Костадинов, рече дека за Струмица е голема чест да биде домаќин на овој тридневен спортски собир и им посака од тука да си заминат побогати со нови искуства и пријателства.

Големо е задоволството што можам да ви се обратам на овој убав и за наши прилики несекојдневен спортски собир кој се случува во нашиов град, во спортска и фудбалска Струмица. Радосен сум што како в.д. градоначалник можам да ви ги пренесам поздравите од сите гостопримливи граѓани на Струмица, особено од љубителите на фудбалот и на спортот, воопшто. Да се биде град – домаќин на „Арсенал кампот“ е голема чест, затоа што овој клуб е еден од најдобрите фудбалски колективи во Европа и светот. „Топчиите“ од Лондон со своите 13 шампионски титули во англиската Премиер лига, како и со освоените први места во европскиот Куп на куповите и Купот на УЕФА, само потврдуваат дека се еден од најреспектабилните фудбалски клубови на нашава планета“, рече Костадинов.

Препорачуваме:

Тренерот на карате клуб АБЦ, Ристо Обрадов, прогласен за тренер на годината

Пет нови засилувања во Беласица а Ѓоко Хаџиевски именуван за спортски директор

Актуелни и поранешни репрезентативци во Дојран започнаа курс за тренери

Ѓ. K.