Спорт

Фото – Струмичките Тиверијанки го развиорија македонското знаме во Грција – втори на Балкан Купот во Александрополи

Викендов во Александрополи во Грција се одржа меѓународен турнир во фудбал за жени  ,, Балкан КУП,, каде учествуваше и струмичкиот клуб ЖФК ,,Тиверија,,. Девојките од Струмица со победа, пораз и реми го освои второто место во конкуренција на албанскиот и црногороскиот шампион екипите на ,,Влазнија,, и ,,Брезница,, кои ќе играат во квалификациите од Лигата на Шампиони во женска конкуренција.

Победа забележаа против црногорките Брезница од 4:1, ремизираа со составот на Тракија 3:3 а беа поразени од албанските со 6:1 кои го освоија турнирот. Во таборот на ЖФК ,,Тиверија Димоска со 5 погодока беше најефикасна , Дервиши постигна два а Граматикова еден гол.

,, Екипата на Влазнија од Албанија дефинитивно беше најсилниот тим на овој турнир на кој требаше да настапуваат и грчкиот Паок и турски Бешикташ кои во последне момент гооткажаа учеството. Дефинитивно албанскиот состав покажа врвна игра од која можевме да научиме ново. Ние одлично одигравме против шампионот на Црна гора Брезница кој го добивме со резултат од 4:1 , додека со тимот на Тракија водевме со 3:1 за да последните пет минути примиме два гола што не е дозволиво. Овој турнир беше одлична можност да се видат и квалитетите на новите фудбалерки на Тиверија Коларовска и Митревска кои сосема ги оправдаа очекувањата на стручниот штаб на ЖФК Тиверија Струмица и ќе бидат одлични засилувања за претстојната сезона,, кажаа од клубот

Препорачуваме:

Академија Пандев Шампион – Ќе игра бараж за Втора лига

Ване Трајков

Пет нови засилувања во Беласица а Ѓоко Хаџиевски именуван за спортски директор

Фото – Баскет Академија Струмица ,,гази,, на Рода Купот во Србија, трите тима со победи

Ване Трајков