Регион

Пад на откупните цени на доматите а краставиците паднаа на 5 денари

Пад на откупните цени на зеленчукот во струмичко. Зелката тешко се продава, краставиците речиси не се откупуваат а килограм домати од 30 паднаа на 15 денари за килограм. Земјоделците кои го прибираа родот тврдат дека за кус временски период цените вртоглаво паднале и покрај побарувачката пред се за домати. Велат дека годинава немало многу засеани површини под домати а со вакви цени земјоделците не можат да врзат крај со крај . Тврдат дека трговците си играат со нивната мака и тие се главните виновници за ниските цени

Дека не оди продажбата, потврдуваат и земјоделците на кванташки во Струмица. Велат дека со денови не можат да го продадат своето производство оти нема многу трговци

Трговците велат дека цените се резултат на големата понуда на пазарите на кои извезуваат. За краставиците немало интерес додека домати се појавиле и во Србија а проблем и понатаму прават ниските цени на албанскиот зеленчук кој станува се поконкурентен во источно европските пазари

Препорачуваме:

Радовишанец загина во сообраќајна несреќа

Сузана Мицева

Струмичани и синоќа на протест.Бараат оставка од Претседателот Иванов,повлекување на аболицијата и одложување на изборите на 5ти Јуни.

Лекот парацетамол може да ја промени психата на пациентите

Стојне Митева