Свет

Ал Багдади, лидерот на Исламската држава убиен во Сирија ?

Абу Бакр Ал-Багдади, лидерот на Исламската држава е убиен во руските воздушни напади во Сирија. Рускиот Су-34 и Су-35 извеле повеќекратни воздушни напади на 28 мај, во близина на упориштето на ИД во сирискиот град Рака, во северниот дел на земјата, соопшти Министерството. Наводно, според информациите, во нападите е погодено место каде се одржувал состанок на високото раководство на терористичката организација, а таму бил и Ал-Багдади.
Руското министерство за одбрана ја проверува информацијата според која преку различни канали, лидерот на ИД, Абу Бакр Ал-Багдади, бил присутен на состанокот и бил убиен во воздушните напади“, стои во соопштението.

Препорачуваме:

Од денес полициски час во некои градови на Црна Гора

Сузана Мицева

За првпат од 10 март, во Белгија нема смртни случаи

Сузана Мицева

Евакуирани два аеродорми во Варшава поради дојава за бомба