Македонија

„Родео“ и „Вест“ поскапи за 5 денари

Цигарите од брендот Вест Компакт од денеска во продавниците се продаваат за 5 денари поскапо за една кутија. Од денеска, за 5 денари се поскапи и сите варијации на брендот Родео.

Продавачите во супермаркетите велат дека добиле најава дека во текот на утрешниот ден се очекува уште еден бран поскапувања на останатите брендови.

На 1 јули ќе се покачи и акцизата за цигарите за 4 денари по една кутија. Нема информации, дали производителите ќе ја зголемат повторно цената или пак повисоката акциза ќе се компензира со ова поскапување.

Препорачуваме:

Ахмети очекува решение на спорот со Бугарија до крајот на месецот

Сузана Мицева

Температурните шокови лоши за земјоделството

Правници што не знаат да напишат молба- Многуте правни факултети произведуваат неуки правници

Сузана Мицева