Регион

Интензивно се гради кружниот тек кај Жито Струмица

Градежните работи за изградба на кружниот тек на крстосницата на булеварите „Климент Охридски“ и „Гоце Делчев“ кај Жито Струмица, а кои започнаа во неделата, се во полн ек. На ова ново сообраќајно решение во овој дел на градот се работи интензивно за побрзо надминување на проблемите со кои се соочуваат учесниците во сообраќајот. Општина Струмица апелира до граѓаните и сите учесници во сообраќајот, да го почитуваат временскиот режим за сообраќај на крстосницата додека траат градежните работи и им се заблагодарува за разбирањето и трпението кое што го покажаа во изминатиот период. Кружниот тек значително ќе ја зголеми безбедноста во сообраќајот затоа што оваа крстосница е една од најфреквентните во градот.

Препорачуваме:

Лани, 19 девојчиња под 15 години што станале мајки

Стојне Митева

ЗНМ со работилница за дезинформации и лажни вести во Струмица

Ване Трајков

Пендаровски во Југоистокот води со околу 1400 гласа пред Силјановска Давкова

Ване Трајков