Регион

Над 2000 крводарувања за една година во Струмица.

 

Над 2илјади крвни единици годинава се собрани само од крводарителите од Струмица.Бројот е задоволителен а од Црвениот Крст велат дека овие единици општина Струмица успева да ги задоволи потребите на јавното здравство исклучиво со доброволно дарување крв.

Во Струмица речиси секоја среда се организираат доброволни крводарителски акции во Центарот за трансфузиона медицина на која се собираат задоволителен број на крвни единици кои некому живот значат.

Љубчо Јанков од Црвениот Крст од Струмица нагласи дека можеме да зборуваме за едно задоволително ниво на промоција на крводарителството, затоа што секојдневно се работи на подигнување на свеста на луѓето да ја даруваат оваа скапоцена течност.
Денес се одбележува светскиот ден на крводарителството а мотото гонава е
„Не чекај да се случи несреќа. Што може да сториш, дарувај крв, дарувај сега, дарувај често“.

Препорачуваме:

Трките се убава можност за себедокажување вели Караколев за „Ноќните крос трки“

Сузана Мицева

Ѓура Мара – чувар на велигденската народна традиција

Сузана Мицева

Градоначалникот Јаневски ги моли струмичани да останат дома

Dimitar Micev