Регион

Градоначалникот Стамов напиша на Facebook – Немав мандат за ставање потпис до 5 јуни за референдум во Дојран

Во недела на 18 јуни нема да има референдум против рудници во Дојран оти градоначалникот Борче Стамов не ставил потпис на одлуката донесена од советниците. Тој денеска на својот фб пробил напиша дека немал мандат се до петти јуни бидејки тогаш Владата со измена на законското решение им го продолжила.  Тој напиша дека Советот нема донесено и одлука за распределување на финансиски средства за одржување референдум. Еве што напиша Стамов

,,Затоа што утрото е попаметно од вечерта, да напишам неколку збора, кои ќе се прочитат со ладна глава, наменети пред се, за моите сограѓани.

Со носењето на одлуката за референдум од страна на Советото на Општина Дојран почнуваат да течат и роковите за одржувањето на истиот. Советот, освен одлука за референдум, не донесе одлука за распределување на финансиски средства за негова организација. Со вакумот од 15 мај до 5 јуни, односно немањето мандат од страна на градоначалникот за било каков потпис, посебно ако се знае дека одлуката беше донесена на 12 мај (последниот работен ден), технички не беше во можност да се организира. Со немањето одлука за финансиски средства, практично не можеше да се организира. Имајќи го ова на ум, го сторив тоа што беше останато како единствена опција – ја вратив одлуката на повторно разгледување.

Околу манипулациите и подмолните игри за кои ме обвинува еден од советниците:

Дали не е подмолна игра да се донесе дефектна одлука за референдум и после тоа со прст да се покажува дека тој што треба да ја спроведе, не сака?

Дали не е манипулација со јавноста да прокламираш дека се залагаш за референдум, а без тронка совест да изјавиш дека еве за една недела на 19 јуни советот пак ќе одлучува? Ако се брза со референдум зошто одма не се состанавте, зошто дури после една недела. Што чекавте од 1 јуни, кога се продолжија мандатите до сега? Зошто не денес, утре… тука на 19ти, ден после планираното оддржување?

Дали сето ова не е добро испланирано со цел да дојде до ова, организирана хајка кон мене, со цел да се прикаже градоначалникот дека е против референдум, дека застапува нечии интереси, и не се грижи за своите сограѓани и интересите на Општината?

Што е целта на референдумот, и натегањето околу неговото оддржување – дел од предвремена кампања за локалните избори или прашањето за рудникот? Ако е за кампањски цели, можам да ја разберам нервозата кај дел од советниците и политичките противници. Ако вистина е дека целта е стопирање на рудникот уште денес советот може да донесе одлука и да побара исклучување на територијата на Дојран која е под концесија на рудникот Казандол, да побара негово стопирање или што и да е од тој што е надлежен за ова прашање. … за тоа не треба референдум, треба храброст и разум,,

Препорачуваме:

Анѓушев – Владата ќе подржува позитивни проекти со чисти технологии на преработка но и интересите и барањата на граѓаните

Видео: Најчеста причина за пожарите на отворено е човечкиот фактор

Инспекторите се’ уште ги чекаат документите од МЖСПП за Ѓавато

Сузана Мицева