Свет

ВИДЕО- Лансиран соларен дрон кој може со месеци да остане на небото

Кина го лансираше својот најголем соларен дрон досега. Дронот има распон на крилата од 40 метри и тежи само 400 килограми. Екстралесниот дрон е дизајниран да лета по 20.000 метри дневно со помош на обновлива соларна енергија за придвижување на осумте електрични пропелери. Има и неверојатна максимална брзина од дури 200 километри на часа.

Дронот го носи името Caihong-T4 (CH-T4) или Rainbow T-4, а го направи Кинеската академија за воздухопловна аеродинамика. Телото е составено од два дела и има и двојна опашка. Дронот е поширок од „боинг 737“, а малата маса се должи на конструкцијата од пластика и карбонски влакна. Висзуелната покриеност на дронот изнесува 1.000.000 квадратни километри или приближно колку површината на Боливија.

Препорачуваме:

ОН: Повеќе од 9.000 цивили загинаа во војната во Украина

Ѓ. K.

РТЛ Хрватска продаден за 50 милиони евра

Британскиот сој е поопасен

Сузана Мицева