Регион

Денеска и утре, „Баскерфест“ во Гевгелија

Денеска и утре, во Гевгелија гостува фестивалот Баскерфест. На шеталиштето, на неколку локации од 19:00 до 23:00 часот ќе настапат повеќе учесници на овој меѓународен фестивал од целиот свет.

Најавени се интересни артисти како Барбароса, Пеперониус, Винил Брнс, Јаника Белиза, Хозе Енрикес и многу дуги.

Во 2006 година, Македонија стана прва земја на Балканот со ваков вид фестивал, а оттогаш 12 години по ред светски артисти настапуваат во Гевгелија и во другите градови на Македонија.

Годинава, фестивалот ќе има уникатен концепт, па, така настапот во Гевгелија ќе биде исполнет со мултикултурни настани и атракции под отворено небо, како и забава за сите генерации.

Препорачуваме:

Потпишан Договор за нов проект за прекугранична соработка

Ване Трајков

ПРЕЗЕНТИРАН ФИНАЛНИОТ ИЗВЕШТАЈ ОД „ОПСЕРВАТОРИЈА НА МЕДИУМСКИТЕ РЕФОРМИ“

Стојне Митева

36 вакцини за струмичките лекари од Фајзер

Стојне Митева