Регион

Претставата „Каминот“ на струмичкиот театар на фестивал во Шпанија

Претставата „Каминот“ на струмичкиот театар утре ќе се игра во рамките на фестивалот Минат во Дениа, Шпанија. фестивалот трае од први до десетти јуни и има натпреварувачки карактер.

Претставата „Каминот“ од Маргарит Минков е во режија на Васил Михаил. Премиерно беше изведена во мај 2013 година. Камерната дуо драма во почетокот ја играа актерите Коста ангов-Хенри и Јасмина Вучкова-Ирис. Во поново време улогата на ирис ја тилкува Васил Михаил.

Овие четири години освен на матичната сцена претставата имаше и неколку гостувања и фестивалски претставувања во државата и надвор од неа. Досега претставата доживеа 21 изведба.

Препорачуваме:

Ајверката зрее по струмичките ниви

Сузана Мицева

Во Народниот театар во Гевгелија ќе се прикажува романтичната комедија „Нешто слатко“

Ѓ. K.

Минимална плата после Нова Година ќе биде 18 илјади денари, најавува министерот за економија