Регион

Федерацијата на фармери на Македонија и официјално против рудници. Со соопштение ја известија јавноста дека застануваат зад граѓанските иницијативи во југоистокот каде во моментов се води кампања против отворање на рудници. Од федерацијата велат дека по консултацијата со своите членови како и со експерти од областа на земјоделието и животната средина било констатирано дека руддниците ќе направат штета на земјоделското производство.

Од федерацијата на фармери велат дека вкупната обработлива земјоделска површина во Валандово, Богданци и Дојран е 13.681 хектар, и во иднина доколку се прават истражувања и јавни дебата за отворање рудници и други рудници и индустриски објекти, општините да ги консултираат и земјоделските здруженија за навремено да го дадат своето мислење.

Богданци в недела ќе има референдум за рудникот во Казандол. Ќе се гласа на 12 гласачки места во општината, а право на глас имаат околу 7 илјади граѓани. На 18 јуни, за истиот рудник референдум ќе се одржи и во општина Дојран.

Препорачуваме:

ООУ „Никола Вапцаров“ доби спортска сала

Струмичките гимназијалци со награди на Државниот натпревар по математика

Изречени 197 санкции за брзо возење на подрачјето на СВР Струмица

Ване Трајков