Спорт

Ѓорги останува во турскиот „Мили Пјанго“ Никола во полски ,,ОНИКО,,

Струмичкиот одбојкарски репрезентативец т Ѓорги Ѓоргиев, останува во Турција во тимот на Мили Пјанго од Анкара, каде е од 2015-та година.

„Битките во силната Tурска лига и европскиот Challenge Cup продолжуваат и во сезона 2017/2018. Ѓорги го продолжи договорот на уште една година со екипата на Maliye Piyango“ – пишува на фан страната на Фејсбук на браќата Никола и Ѓорги Ѓоргиеви.

Никола Ѓоргиев пак се прости од Јапонското првенство и тамошниот Торај и неодамна напиша дека се сели во Полска во ОНИКО Варшава.

Браќата се наѓаат на подготовки со македонската репрезентација за Европската лига каде противници се селекциите на Азербејџан, Албанија и Шведска. Првиот турнир е во Скопје од 16-18 јуни

Препорачуваме:

Беласица киксна на Младост во мечот со Силекс, А.Пандев со реми кај Вардар

Ване Трајков

Круљ: Мојата екипа има сериозен карактер и сериозен потенцијал

Ѓ. K.

Најмладите од РК,, АСТРАИОН,, блескаат – Три натпревари , три победи

Ване Трајков