Спорт

По сениорите, младинците и кадетите на ОК Струмица- ШАМПИОНИ !!!

Кадетите на ОК Струмица ја освоија Шампионската титула во својата конкуренција и на својот клуб му го донесоа четвртиот шампионски пехар оваа сезона.  Деновиве во Скопје се одржа финалниот турнир во кадетска конкуренција каде во полуфиналето, надежите на Струмица со 2:0 го елиминираа Борец од Велес а во големото финале со 3:0 во сетови го декласираа домашниот Вардар.

ОК Струмица е дефинитивно најдобриот одбојкарски клуб во земјава. Ова сезона како и во изминатите се докажа дека професионално работи не само со сениорите туку и со младинските погони, за што говорат шампионските титули. Ова значи дека на струмичката машка одбојка и престојат светли денови на чело со тренерот Кире Ричлиев

Препорачуваме:

По младинците и кадетите на А.Пандев во КУП финале

Ване Трајков

Израел ќе биде домаќин во Струмица на еден од турнирите во Сребрената лига

Ѓ. K.

Беласица в недела против Победа под рефлектори на Младост

Ване Трајков