Регион

ЈП Комуналец ги обновува цветните површини низ градот

Вработените во единицата „Зеленило“ при Јавното претпријатие за комунални дејности „Комуналец“, деновиве, започнаа со обновување на цветните површини во градот. Замената на зимското со летно цвеќе започна на булеварите „Гоце Делчев“ и „Маршал Тито“, а ќе продолжи на сите цветни површини. Според Ленче Гудева, раководител на единицата „Зеленило“ ќе бидат засадени околу десет илјади видови летни цвеќиња во разни бои кои на градот ќе му дадат посебна убавина во летниот период.

Препорачуваме:

Костадинов: СОНК да го прифатат предлогот, учениците да се вратат на школо

Хидросистемите спас за земјоделците

Видео:Во Струмица се отвори нов пункт за земање брисеви за Ковид