Регион

Здружението „ДМ Ленгуиџес“ реализира проект со поддршка од општина Струмица

Здружението за образовно-едукативни цели „ДМ Ленгуиџес“ започна со реализација на проектот „Инклузивна – Супер ефективна училница“ поддржан од општина Струмица преку Програмата за поддршка на невладиниот сектор за 2017 година.
Во фокусот на проектот е инклузијата на децата со посебни потреби во редовната настава, но и едукација на децата со посебни потреби кои од било кои причини не се вклучени во редовната настава. Проектот стартуваше со активност во која беа вклучени децата кои не се вклучени во редовната настава, односно, се одржа едукативна работилница за членовите на Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА“. Работилницата „Час по англиски јазик“ се одржа под мотото „Сите деца можат да учат – но секое на различен начин“. Со соодветен пристап и методи резултати секако можат да се постигнат. Предавачите на здружението „ДМ Ленгуиџес“ беа одлично прифатени од децата кои покажаа огромна желба и интерес за наставните содржини, со што се потврди дека со соодветен пристап и методи, резултати можат да се постигнат.

Препорачуваме:

Градоначалникот Јаневски одржа средба со амабасадорката на Босна и Херцеговина Лепа Бабиќ

Кај Василево откриени 30 мигранти од Авганистан во товарно возило

Ване Трајков

Изгаснат пожарот кај Попчево