Регион

Флаери против рудникот Казандол и на турски јазик

Активистите на иницијативата „Спас за Валандово“ изработија флаери на турски јазик за да ги запознаат жителите на селото Казандол со работата на рудникот за бакар и опасностите коишто би можеле да ги имаат граѓаните по своето здравје и загадувањето на животната околина.

Активистите на „Спас за Валандво“ велат дека токму мештаните од Kазандол би биле најпогодени од евентуалните негативни последици од работата на рудникот. Ваквите тврдења, „Спас за Валандово“ ги темели на последиците наведени во Студијата за оцена на социјалните аспекти, каде е наведено дека жителите на Казандол треба да имаат најмалку два бесплатни лекарски прегледи годишно, а децата и трудниците и почесто. Според активистите, нема оправдана причина за толку чести лекарски прегледи, освен ако не постојат сериозни индиции дека нивното здравје може да се загрози од работата на рудникот.

Во Казандол живеат стотина жители од турска националност и слабо го разбираат македонскиот јазик распишување референдум во општината,

Препорачуваме:

Почна уредување на паркови во населените места во општина Струмица

Расцветаниот бадем, сливата и раните сорти кајсии на удар од ниските утрински температури

Ване Трајков

Цела британска амбасада во Струмица – заменик амбасадрот Отвеј стави и карневалска маска

Сузана Мицева