Македонија Регион

Се укинува екстерното тестирање

Идната министерка за образование и наука, Рената Дескоска денеска на прес конференција соопшти дека оваа учебна година нема да има екстерно тестирање.

„Годинава нема да има екстерно тестирање. За таа цел утре пред пратениците ќе ги достават измените на законите за екстерно тестирање. Затоа се формираат и комисиите кои ќе ја одблокираат работата на Собранието. Се надевам дека законот ќе биде донесен без потреба новиот министер за образование и наука да бара алтернативни методи за укинување на екстерното“, изјави Дескоска.

Според неа, екстерното тестирање ќе биде ставено на дневен ред уште утре и учениците годинава нема да поминуваат низ оваа мерка која доби многу критики во јавноста.
Преземено од fokus.mk
http://fokus.mk/deskoska-se-ukinuva-eksternoto-testirane/

Препорачуваме:

Интервју со Кирил Барбареев – Струмица станува престижен наставен центар на УГД, досега дипломираа 730 студенти

Видео порака на министерот Венко Филипче до здравствените работници

Ване Трајков

Заев ќе застане зад четворица актуелни градоначалници од Југоистокот

Сузана Мицева