Регион

Брачниот пар Трајкови од радовишко Дедино доби нов дом

Обновен опожарениот дом на брачниот пар Трајкови од Дедино. Сопружниците чија куќа пред Нова година изгоре до темел, од денеска ќе живеат во нов дом. Ивана и Јован едвај се спасија кога среде зима, избувна пожар во семејната куќа најверојатно од електричната инсталација. Нивната приказна допре до бизнисменот Чифлиганец, по потекло радовишанец, кој реши да им помогне да се згрижат во нова куќа.

„Јас ветив дека ќе направам куќа, а дом се самите луѓе. После четири – пет месеци тоа се оствари, од причина што два и повеќе месеца имавме многу ниски температури. Денеска сум најсреќен, затоа што имав можност да помогнам, онака како што некогаш им излегувале во пресрет на моите дедо и татко,“ рече Д-р Ванчо Чифлиганец, сопственик на Адора инжинеринг

Возрасниот брачен пар, кој живее од една пензија вели дека немале услови сами да ја подигнат куќата. Најадоволни се што семејната несреќа им донесе нова радост.

Имав доверба дека ќе ми помогне. Кога рекоа дека доаѓаат за да градат, плачев од среќа. Многу сум му благодарна на овој човек и на неговото семејство. Во животот видов многу тага, ама доживеав и убави нешта, рече Ивана Трајкова, чиј дом изгоре во декември.

Новиот дом на Трајкови е прв енергетски ефикасен објект од А класа, прв таков во општините Конче и Радовиш.

Препорачуваме:

Струмичани се подготвуваат за велигденските празници

Сузана Мицева

ВИДЕО: „Стари и понови струмички фамилии“ проект на „Завод и музеј“ – Струмица

Бесплатен паркинг до крајот на работниот век за струмичките пожарникари

Сузана Мицева