Спорт

Девојките на ,,Тиверија,, дома ќе игра за КУП титулата против дојрански Истатов

Големото КУП финале во фудбал во женска конкуренција ќе се игра на стадионот Младост. Вака одлучи ФФМ откако двата финалисти се сложија место во Велес да се игра во Струмица. Финалниот меч ќе се игра на 31 мај со почеток во 17 часот а за пехарот и златните одличја во КУП натпреварувањето ќе играат ЖФК ,,Тиверија ,, од Струмица и ЖФК,,СЦ Истатов,, од Дојран

Ова е убава можност за ,,тиверијанки,, да ја освојат КУП титулата бидејки ќе играат дома пред своја публика што ќе биде убава можност и потврда за работата на овој клуб но и за струмичкиот женски фудбал.

Со оглед на досегашниот учинок, дојранчанки се фаворитки но немора да значи дека тие ќе слават, бидејки се игра само еден натпревар.

Тиверија до финалето стаса со победите над Драгон во полуфиналето додека Истатов против екипата на Кочани

 

Препорачуваме:

Пандев распали против ФФМ: „Срамно е и жално“

Ване Трајков

Италијанецот Рибаудо ново засилување за Брера Струмица

Ѓ. K.

КУП 1/4 финале: Пандевци на гости против Македoнија ЃП

Ване Трајков