Регион

Почна собирањето 2000 потписи за референдум во Валандово против рудници

Валандовчани денеска ја почнаа постапката за собирање на потребните потписи за распишување референдум против рудникот Казандол. Во наредните 30 дена иницијаторите и предлагачите за референдумско изјаснување,, Спас за Валандово,, треба да соберат околу 2000 потписи кои треба да се достават до Советот на општина Валандово кој треба да го утврди референдумското прашање и терминот на одржување на локалниот референдум.

Освен што ќе собираат потписи членовите на ,, Спас за Валандово,, со кампањата ,, Мрдни со прсти,, идната недела ќе организираат и фестивал на локална храна и локален развој со цел да се анимираат предностите на еколошкото чисто Валандово без тешка индустрија

На фестивалот што ќе биде во валандовкиот парк,, Пеонија,, ќе бидат изложени локални производи и преработи од калинка, јапонски јаболка, смокви кои се автентични на валандовскиот регион а паралелно ќе има и музички перформанси но и трибини на кои ќе учествуваат експерти од областа на животната средина, екологијата, економијата кои ќе зборуваат за недостатоците и предностите од евентуално фунцкионирање на рудниткот Казандол

Препорачуваме:

Границите на ЕУ за македонски државјани спуштени до 1 август

Стојне Митева

„3Д Еко-бусот„ во посета и на учениците од ООУ „Никола Вапцаров“- Струмица

Dimitar Micev

Скринигот на учениците се одлага за идната недела