Спорт

Пионерките на Наковски волеј ќе играат за Шампионска титула – на чекор се и кадетките !

Пионерската екипа на ОК,, Наковски волеј,, од Струмица се блиску до големото финале за титулата Државен првак на Македонија во пионерска конкуренција. Синоќа во салата при СОУ ,, Димитар Влахов,, во  полуфиналниот меч од првенството забележа максимална победа од 3:0 во сетови против врсничките од ОК ,,Луботен,,

Пионерките на Наковски  беа далеку подобри од гостинките и фуриозно ги добија првите два сета. Во третиот падна концентрацијата и потешко од очекувањата го добија за убедливи 3:0. Со ова победа  финалето за шампионската титула им се насмевнува за што е потребен минимум сет во ревенш мечот. Со ова се потврдува квалитетот на младинските погони на ОК,,Наковски волеј,, кој ова сезона дебитираше и во сениорска конкуренција

На чекор до големото финале за шампионска титула се и кадетките на Наковски волеј откако во првиот меч на гости славеа против СВСК со 3:0 во сетови.

Препорачуваме:

Хет трик на Балдовалиев за прва победа на Академија Пандев во Втора лига

Ване Трајков

Утре стартува Пандев КУП

Ване Трајков

Се иницира следната сезона Струмица да има кошаркарски второлигаш- средба на Јаневски со раководството на КФСМ

Ване Трајков