Регион

ЦПЛИП-ПОРАКА со нов проект „Учиме да готвиме и стекнуваме здрави животни навики“.

Центарот за поддршка на лица со интелектуална попреченост ПОРАКА – Струмица (ЦПЛИП ПОРАКА – Струмица) започна со реализација на проект финансиран од Општина Струмица преку V2 Програмата за социјална заштита – Трансфер до НВО за 2017 г. Проектот е со наслов: „Учиме да готвиме и стекнуваме здрави животни навики“.

Главната цел на проектот е развој на вештини кај лицата со интелектуална попреченост за оформување здрави животни навики, преку стекнување знаења и вештини за подготовка на храна, вештини за организација, договарање, поделба на задачи и координација.

Вкупниот добиен грант од Општина Струмица изнесува 126.000 денари.

Препорачуваме:

Струмички „Концепт“ догодина во Италија на светско натпреварување во правење пица

Сузана Мицева

Струмичанец фатен со 11 мигранти од Индија и Непал

Ѓ. K.

Почнува Културно лето Босилово