Регион

Со граѓанско новинарство и тесна соработка со медиумите, полесно се решаваат проблемите

Граѓансктие организации треба да го практикуваат граѓанското новинарство со цел полесно и побрзо решавање на проблемите во локалната заедница. Медиумите не секогаш ги знаат локалните проблеми, но доколку тие бидат нотирани од страна на граѓански активисти и споделени со јавноста и медиумите, многу полесно ќе се решат и ќе се постигне целта.

Вака истакнуваат од МЦМС кои заеднос о ТОП тема на Ваша страна го реализираат проектот за грѓанско новинарство помогнати од УСАИД. Станува збор за проект каде граѓанските активисти од југоистокот добиваат вештини како одреден проблем се лоцира, анализира, структуира како новинарска приказна и се пласира во јавноста.

,, Сведоци сме дека граѓаните се почесто реагираат и се активни за решавање на проблеми од заштитата на животната средина но и други области. Грѓаните треба да бидат активни да регистрираат аномалии во локалната заедница и ги пласираат,, вели Гонце Јаковлевска од МЦМС

,, Медиумите не секогаш се на вистинското место, што поради незнаење што поради лимитираност на кадарот. Со посредство на граѓанските новинари, добиваме реална слика и како медиуми заеднички настојуваме да се реши пред одговорните и надлежните,, рече новинарот Боби Христов

Препорачуваме:

Завршува изградбата на браната Конско кај Гевгелија

Валандово ќе го проширува опфатот со индустриски зони

Пензионер од Богданци удрил во неколку паркирани возила

Ѓ. K.