Uncategorised

Директорот на Здравен Дом- Струмица денеска ги демантираше изнесените факти кои утрово излегоа од дневниот билтен на МВР

Директорот на здравен дом струмица денеска ги демантираше изнесените факти кои утрово излегоа од дневниот билтен на МВР.Именно,струмичката полиција поднела кривична пријава против В.Ч. (57) од Струмица, директор во ЈЗУ „Здравствен Дом” Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривичнo делo злоуопотреба на службена положба и овластување.Во извештајот стои дека Пријавениот ја злоупотребил неговата службена положба и овластување со тоа што казната во износ од 13.838 денари која се однесувала за него како одговорно лице ја платил од касата на правното лице, соопштија од полицијата.За ова обвинување Чаушевски најостро ги отфрли обвинувањата тврдејки дека се неосновани .

Во извештајот е наведено и дека од страна на Државниот пазарен инспекторат било изготвено решение и прекршочен платен налог, со кој за сторен прекршок биле казнети правното лице ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица со казна во износ од 46.125 денари и управителот на правното лице, односно Директорот со глоба во износ од 13.838 денари.Тврдењата остануваат дека ЌЧаушевски до сега не добил никакви известувања дека против него е поднесена било каква пријава.