Регион

Сардич им се заканува на активистите од Спас за Гевгелија и Спас за Валандово со тужби

Ангел Наков ќе добие тужба од концесионерот на рудникот Казандол, ако јавно не се извини за јавните говори против рудниците во југоистокот. Компанијата Сардич Мц, на Наков му испратила опомена пред тужба за неговото учество во емисии на телевизиите и бара да ги повлече изјавите дека рудниците се извор на болести и смрт, бидејќи го рушел угледот на компанијата, но и на фирмата од Финска чија опрема е купена за експлоатација на руда во Казандол. Во опомената, адвокатскиот тим на Сардич Мц го предупредуваат наков дека доколку дојде до тужба, судењето ќе му предизвика голему финансиски трошоци. Опомената Наков ја објави на фејзбук страната Спас за Гевгелија, а во своето обраќање на социјалните мрежи, упатено до Сардич Мц, тој им порачува да се извинат на сите граѓани од Валандово, Богданци, Гевгелија за сите досегашни постапки.

Инаку Наков е еден од најгласните говорници против рудници во југоистокот, и еден од првите луѓе кои ја покренаа иницијативата за референдум за рудници ан Кожуф. Наков изјавува дека отворањето ан рудници значи масовно иселување за гевгеличани поради многуте негативни влијанија врз животната средина.

Освен Наков, опомена пред тужба добиле и активисти на Спас за Валандово, кои се борат во Валандово да се организира референдум за стопирање на работата на рудникот Казандол, како и спречување на отворање на други рудници во нивната општина.

Препорачуваме:

Мицкоски на Огражден по работната средба во Струмица

Сузана Мицева

Бројот на кражби на огревно дрво во струмичко, годинава е драстично намален

Dimitar Micev

ЕБОР со нови 2 милиони евра кредит ќе ја поттикнува енергетската ефикасност во земјава

Стојне Митева