Спорт

300 000 денари за двојната круна – Костадинов ги прими одбојкарските ШАМПИОНИ

Првиот човек на општина Струмица ВД градоначалникот Костадин Костадинов ги прими одбојкарите на Струмица кои ова сезона се закитија со ШАМПИОНСКАТА  и КУП титулата. Костадинов уште еднаш им го честиташе успехот на струмичките одбојкари посочувајки ги како пример за останатите спортски клубови од Струмица. Тој подвлече дека како општина, остануваат зад спортот со контуинирана подршка на секој клуб.

Чекот од 300 илјади денари го прими капитенот Васко Михаилов кој подвлече дека ОК Струмица има огромен потенцијал со оглед на младите надежи во редовите на сениорскиот состав. Тој во знак на благодарност на подршката од општината на градоначалникот му врачија дрес во рамка.

Стратегот на ОК Струмица Кире Ричлиев рече дека овој клуб до крајот на одбојкарската сезона ќе се закити уште со две титули и тоа со младинските погони кои се најголеми фавороти за освојување на титулите најавувајки дека и идната сезона ќе бидат главен збор во мак одбојката

Препорачуваме:

КУП – Третолигашот Беласица му одржа лекција на прволигашот Пелистер, но немаа среќа

Ване Трајков

Наковски Волеј лесно против битолски Пелистер, славеа со 3:0 во сетови

Ване Трајков

Беласица убедлива против Тиквеш во Кавадарци – ја прокнижи седмата победа

Ване Трајков