Спорт

ОК СТРУМИЦА – ШАМПИОНИ !!!!!

Одбојкарите на Струмица се новите ШАМПИОНИ на Р.Македонија. Тие и во третиот  финален меч докажаа дека се подобри од Пробиштип . Славеа со 3:0 во сетови за да ја освојат и втората титула во ова натпреварувачка сезона. Во ниту еден момент не беше загрозена победата на избраниците на Кире Ричлиев кои вечерва настапија без капитенот Васе Михаилов заради повреда

Но тука беа останатите кои блескаа пред домашната публика а блеснаа и со златните одличја и Шампионскиот пехар. Со освоената двојна круна Струмица докажа дека е најодбојкарскиот град во Македонија и најавија дека во следните десет години нема да биде отстапена титулата никому. Шампионскиот пехар на струмичани им го врачи првиот човек на Струмица Костадин Костадинов.

Препорачуваме:

АП Брера Струмица го раскина договорот со дефанзивецот и капитен Марио Врдољак

Ѓ. K.

Струмица и Работнички во Луксембург ќе ги добијат ривалите во европските купови

Ѓ. K.

Шиханци доминираа во кихон и џиу борбите на државниот Шампионат – Спасе Стојанов апсолутен победник кај сениорите

Ване Трајков