Спорт

Видео – По КУП титулата, Струмица ја почнува трката за ШАМПИОНСКАТА титула

Одбојкарите на Струмица кои изминатиов викенд со победата над Лешок од тетовско ја освоија КУП титулата, го започнуваат походот за освојување на Шампионската титула. Противник е екипата на Пробиштип против кои имат службен пораз и победа од игра. Струмичани се фаворити со тимот од Пробиштип но тоа ќе мора да го докажат со три победи во плеј оф завршницата. Првиот дуел го играат на свој терен во салата при СОУ ,, Димитар Влахов,, ( 3.05.) среда со почеток во 18,30 часот.

Како што најавија од клубот, Струмица ќе се потруди без многу поголеми проблеми да го мине тимот од Пробиштип, кој пак беше поразен од Лешок. Утре се најавува првата победа за што е потребна публика во салата на средното училиште Димитар Влахов за да се направи првиот чекор за титулата. Впрочем тоа го најавија и тренерот Кире Ричлиев, капитенот Васе Михаилов одбојкарот Александар Митев за Канал ВИС по освојување на Куп титулата

Препорачуваме:

Неделното дерби на Кукуш во Турново без навивачката група Ајдуци

ЈАПОНЦИТЕ МУ СЕ ПОКЛОНИЈА НА НИКОЛА ЃОРЃИЕВ

Ване Трајков

Беласица прослави 100 години постоење, но Брегалница го засени јубилејот

Ване Трајков