Спорт

Струмица и Макс во завршницата за освојување на Шампионските титули

Одбојкарите на Струмица  како лидери го завршија првиот дел од првенството и во разигрувањето  за титулата, во плеј офф завршницата ќе игра со екипата на Лешок која заврши на четвртата позиција. Преку тетовски Лешок,  момците на Струмица имаат позитивен скор годинава и се очекува без никакви проблеми да се најдат во големото финале за освојување на титулата државен првак .  Во втората плеј офф пресметка играат Пробиштип со Борец од Велес.  Во големото финале ќе играат екипите кои ќе дојдат до две победи. Струмичани кои викендов славеа против Шутова, походот за две победи го започнуваат од свој терен

Пласман во завршницата од Шампионатот обезбедија и одбојкарките на Македонија Макс. Тие првиот дел на првенството го завршија на третата позиција и за големото шампионско финале ќе играат со тимот на СВСК од Куманово. Пресметката со девојките од СВСК  ја започнуваат од гости што е,, потешкиот,, пат за избраничките на Зоран Јанков кои во последното коо славеа против Бами кор со 3:0

Препорачуваме:

Академија Пандев ги претстави првите зимски засилувања

Ване Трајков

КК Блокотехна шампион на БИБЛ Лигата

Сузана Мицева

Беласица и Академија Пандев добија лесни противници за првото коло од КУПОТ