Спорт

Наковски волеј го шокираше шампионот Јанта, не помогна ниту ,,шоуто,, на гостинскиот тренер

Наковски волеј шампионски го надигра големиот Јанта кој од Струмица мораше да замине со наведната глава поразен од младите и осоколени струмичанки кои ја покажаа најдобрата игра во годинашново првенство . Не помогна и ,, притисокот,, но и шоуто на тренерот на Јанта волеј во петиот одлучувачки сет, кој под завеста дека е лут на судиите заради нивните одлуки,  сакаше да покаже пред пристуните дека ја подарува победата,  заборавајки дека ,,дебитантот,, Наковски како никоја дурга екипа со одлична игра им одзеде два сета а водеше пред да стапи на сцена.

Крајниот резултат од овој дуел беше 3:2 за избраничките на Хари Наковски за огромно задоволство на присутните на мечот. Струмичанки го добија првиот сет со 25:21, Јанта возврати со 25:20. Како и во првиот така и во третиот сет, девојките на Наковски повторно заиграа и го добија со 25:21 што беше шок за гостинките од Скопје. Вратија во четвртиот сет со 25:16, но мораа да се задоволат со само еден бод бидејки во петитот сет Наковски волеј беше тој што го диктираше темпото и со 15:8 им го нанесоа првиот пораз на големите фаворитки.

Со ова победа Наковски волеј кој дебитираше сезонава во првата лига се искачија на петото место.

 

е апсолутен фаворит за

Препорачуваме:

Штета што натпреварот заврши само со 3:0 вели Тренчовски, Живковиќ пак самокритичен – лошо игравме и не личевме на себе си

Видео – Наковски волеј организира силен одбојкарски турнир со Шампиони

Заев, Османи и Бектеши од трибини ќе ја бодрат македонската репрезентација

Сузана Мицева