Спорт

Астраионци не знаат за пораз- јуришаат кон плеј офот за пионерски Шамиони

Пионерите на РК ,,Астраион,, од Струмица ја забележаа и четвртата пролетна победа во својата група од ракометната пионерска лига на Македонија. Од четири натпревари – четири победи оваа пролет или вкупно досега десет победи во досегашниот тек од првенството . Со овие победи избраниците на Пандев се најсериозни кандидати за пласман во плеј офот за разигрување за  шампионската титула во својата категорија. Последен на листата што падна пред  младите струмичани беше тимот Велес 2009 кој беше декласиран со резултат 22:9 . Одлична игра на младите ракометни надежи кои со својата воиграност и тактики се наметнуваат како апсолутни фаворити во Групата 3 заедно со ,,Торо спорт,,, со кој ќе играат на свој терен а во првата меѓусебна пресметка го претрпеа единствениот пораз

До крајот на регуларниот дел од пионерската лига остануваат уште три кола по што најдобрите две екипи обезбедуваат пласман во фајнал четворката за и околу Пионерскиот ракометен првак на Македонија

 

 

 

Препорачуваме:

Спартанците предводени од струмичани со три победи од Лигата на Европа

Беласица прослави 100 години постоење, но Брегалница го засени јубилејот

Ване Трајков

Тешки противници за струмичките фудбалски екипи во КУПОТ

Ване Трајков