Спорт

Ване Тасевски од Сасуоло дебитираше за македонската фудбалска репрезентација

Младиот и надежен фудбалер со струмичко потекло, Ване Тасевски кој во јануари годинава потпиша за италијанскиот калчолигаш Сасуоло, заигра и за македонската фудбалска репрезентација. Тој деновиве беше повикан за македонската селекција до 16 години за настап на пријателските дуели со врсниците од Ерменија на тренинг центарот Петар Милошевски во Скопје. Тасевски кој потекнува од Ново Коњарево а живее во Пјаченца – Италија  беше повикан од селекторот Горан Станиќ за двата контролни натпревари со ерменската селекција против кои македонските надежи забележаа победа од 2:1 во првиот  и реми од 1:1 во вториот дуел

Тасевски кој го одигра вториот натпревар во целост, даде максимум во својот дебитантски настап. Според многумина во својот прв настап во дресот на Македонија, одигра одлично на својата позиција и ги оправдал очекувањата на селекторот Станиќ.

,, Ми се оствари сонот што конечно заиграв за Македонија. Немав трема но мислам дека можев да дадам многу повеќе во контролката со Ерменија. Сметам дека ова фудбалска генерација односно селекција може да направи многу повеќе доколку контуинирано се работи со нас како млади фудбалери. Атмосферата беше одлично и добро бев примен од моите соиграчи што внесе дополнителна мотивација ,, ни изјави Ване кој од денеска повторно е во таборот на Сасуоло

Ване Тасевски има 15 години и два месеци веќе настапува за кадетите на Сасуоло каде одигра неколку натпревари. Претходно настапуваше за Пјаченца Про и многумина го нарекуваа ,,бомбардер,, со оглед на неговите силни удари. Тој за првпат беше повикан од ФФМ за настап во младинските селекции на Македонија .Инаку против Ерменија заигра и членот на Академија Пандев Ибраими Ариф

 

Препорачуваме:

Екипи од земјава, Србија и Бугарија играа на турнирот во чест на Филип Лазаревски – победници Реал од Ниш

Српскиот напаѓач Ивковиќ во дресот на Брера Струмица

Ѓ. K.

Викендов во Струмица судијка му судеше на својот сопруг

Ѓ. K.