Спорт

Академија Пандев со Дејан Станковиќ, доби свој пријател во врвот на УЕФА

Поранешниот клупски соиграч на Горан Пандев, но и голем пријател на Академија Пандев од Струмица,  Дејан Станковиќ е назначен за советник на претседателот на УЕФА- Александар Чеферин. Станковиќ ќе биде задолжен за развојот на младинскиот фудбал односно дечињата на возраст од 14 и 15 години но и правилно насочување на фудбалските Академии и клубови кои имат школи за најмладите. Дејан кој заедно со Горан во 2010 играа во Интер и ги достигнаа фудбалските височини, освојувајки ја Лигата на Шампиони но и Светското клупско првенство

Дејан Станковиќ, добро ја познава Академијата Пандев и беше покровител на неколку пријателски натпревари на дечињата од Струмица а со неговото назначување директно во врвот на УЕФА се отвара можноста за поголемо внимание на фудбалот на балканските простори

,, Веста ја примивме со задоволство, бидејки знаеме дека Дејан Станковиќ секогаш се залагал за развој на младинскиот фудбал. Со неговото назначување очекуваме посериозен пристап на европската куќа на фудбалот во афирмацијата и правилното насочување на најмладите од Балканот кон овој спорт вклучувајки го тука и македонскиот и струмичкиот. Секако дека се отвара можноста за организација на квалитетни турнири кои можат да бидат и под капата на УЕФА,, велат од Академијата кои со нивниот ментор беа меѓу првите што упатија честитки до Дејан Станковиќ за назначувањето советник на првиот човек на УЕФА

Препорачуваме:

Тања Милушева именувана за потпретседател на ФК Беласица

Ѓ. K.

Полска Легија противник на Академија Пандев во Конференциската лига

Ване Трајков

Баерн Минхен ја одби и третата понуда на Барселона за Левандовски

Сузана Мицева