Спорт

ФК Василево со нови дресови и опрема ќе ја стартува пролетната полуетапа

Фудбалерите на ФК Василево кои настапуваат во Третата фудбалска лига исток во недела ја стартуваат пролетната полуетапа од натпреварувањето. Според информациите екипата е максимално подготвена за вториот дел од шампионатот за кој најавуваат далеку подобри резултати за пробив во самиот врв од третолигашката табела. Деновиве тие добија и нова опрема во тренерки и дресови благодарение на општина Василево и градоначалникот Ванчо Стојанов.

Во рамките на подготовките, василевачни одиграа и повеќе пријателски натпревари меѓу кои беше и дуелот со Струмјани во Бугарија.Иако натпреварот заврши мирољубиво, екипата од Василево се покажа дека е квалитетен тим.  Преку Александар Ристов имаа можност за победа но не успеа да ја затресат мрежата на бугарскиот состав. Но со прикажаната игра, ФК Василево се покажа дека ќе биде тим кој оваа полусезона нема да биде лесен противник за ниту еден третолигашки состав

Инаку ФК Василево оваа пролет или поконкретно ќе патува за Швајцарија каде ќе одигра пријателски меч со Македонија Берн. Дуелот е закажан на 23 март

Препорачуваме:

ФФМ треба да ја казни Шкендија а мечот службено да го добие А. Пандев, оти правилата се јасни- младинец мора да игра, тврдаат фудбалските работници

Кикбоксерот Пепи Велков со злато во Будимпешта –Унгарија

Ване Трајков

Академија Пандев се засили со тројца фудбалери

Ване Трајков