Спорт

Струмичанецот Ване Тасевски се договори – 4 години во калчолигашот Сасуоло

Струмичанецот Ване Тасевски кој е родум Ново Коњарево а живее во Пјаченца потпиша за италијанскиот калчолигаш Сасуоло. Според информациите 15 годишниот Тасевски за Сасуоло потпишал договор на 4 години а во меѓувреме одиграл и неколку натпревари за кадетскиот состав на овој италијански прволигаш. Играл во дуелот со Самдорија и Специја и со својата игра полека се наметнува како сериозен играч за првиот состав на кадетите на овој клуб кој се наоѓа петата позиција.

Младиот Ване Тасевски го нарекуваат ,,бомбардер,, бидејки по својата конструкција и игра наликува на Винсент Компани од тимот на Манчестер сити и подеднакво е добар со лева и десна при изведување слободни удари . Инаку Ване претходно настапуваше во тимот на Про Пјаченца каде има одиграно педестина натпревари. За него беа заинтересирани повеќе клубови но калчолигашот Сасуоло беше најсериозен во намерите

Инаку Ване Тасевски е повикан и за македонската фудбалска репрезентација до 16 години

Препорачуваме:

Реал ја освои 35.титула

Сузана Мицева

Маџиров во Германија организира хуманитарни тениски турнири и донира во струмичко

Ване Трајков

По Дени Илиев, ќе замине ли друго дете во Арсенал – Топчиите ловат таленти во Струмица