Спорт

Во сабота- Куп пресметка меѓу Наковски Волеј и Македонија Макс

Жрепката посака пресметка меѓу Наковски Волеј и Македонија Макс за пласман во полуфиналето од Купот на Македонија во одбојка за жени. Првиот натпревар е закажан за престојниот викенд на 18.02 а реваншот на 1 март. Ова е уште еден испит за двата тима кои создадоа градско ривалство во женската одбојка. Првиот меч го добија избраничките на Зоран Јанков и тоа првенствен. Но во Купот работите секогаш се поинакви. Првиот натпревар е закжан во сабота  со почеток во 18 часот во салата на СОУ Димитар Влахов

На денешната жрепка за четвртфиналните дуели Струмица ја доби Шутова а првиот натпревар го играат во Кичево додека на 1 март во Струмица.

Според пропозициите на ОФМ четвртифналето се игра во две средби. При евентуален нерешен исход од 1:1 во победи ке одлучуваат освоените сетови а доколку е идентично тогаш поен количникот

Препорачуваме:

Струмичанецот Зоран Андонов е новото засилување на Брера Струмица

Ѓ. K.

СРК Бистро од Струмица втор во лов на риба со јадица на пливка, ги делеа 100 грама од титулата Шампиони

Ване Трајков

Нема тим кој може да ја сопре Струмица – Доминантни и против Јанта во Скопје без изгубен сет

Ване Трајков