Спорт

СТРУМИЧКИТЕ ,,ТИВЕРИЈАНКИ,, ГО ШОКИРАА ,,ПАОК,, ВО ГРЦИЈА ПРЕД ТУРНИРОТ НА СВОЈ ТЕРЕН

Женскиот фудбалски клуб ,,Тиверија,, од Струмица во рамките на подготовките за новата полусезона одигра два контролни натпревари во соседна Грција. Славеа против ,,ПАОК,, а загубија од ,,Агротикос,,. Според информациите девојките на ,,Тиверија,, демонстрирале одлична игра на двата дуели во кои имаа далеку поквалитетни противници во кои многу се инвестира. Заради квалитетот што го презентирале во Солун, избраничките на Славе Велков се повикани на турнир и при крајот на јуни .

,,Тиверија,, го сврте вниманието со победата над ПАОК од 3:0. Со головите на Димоска во 7 и 80 минута и Николовска во 45 минута, струмичанки го шокираа женскиот состав на Паок во кој беа и четири првотимки на чело со најдобрата фудбалерка Јелена Димитриевиќ. Екипата од Струмица без респект одигра против големиот ,,Паок,, кој во овој пријателски меч настапи во комбиниран состав. Голот пак против ,,Агротикос,, го постигна Ристеска

Овие 2 натпревари беа одлична можност за тренерот на ЖФК Тиверија Славе Велков да ја види формата на фудбалерките пред претстојниот турнир кој ќе се одржи наредниот викенд во Струмица.
На турнирот че земат учество ЖФК Тиверија Струмица (Македонија), ЖФК Брезница (Црна Гора), ЖФК Спортика Благоевград (Бугарија) и селекција на регионот Тракија од Грција

Препорачуваме:

Блокотехна поразена во КУП финалето , титулата за Работнички

Ване Трајков

КУП титулата во женски фудбал за Тиверија Струмица или Истатов Дојран – утре Финале на Младост

Ване Трајков

Шампионски стартуваше ОК Џио Струмица – Силната тетовска екипа не беше доволна да ги запре шампионите, напиша Михаилов