Спорт

Струмица се збогуваше од Купот, поразена од второлигашот Гостивар

Кошаркарите на Струмица се збогуваа со Куп натпреварите откако претрпеа пораз од второлигашот Гостивар од 80:75.  Домаќините кои речиси во поголемиот дел од натпреварот  имаа постојана предност против струмичани, не ја прокоцкаа шансата да ,,одат,, понатаму во Купот. Па така за седум дена Гостивар заедно со Вардар кој го демолираше Пелистер ќе одлучуваат за последниот патник во завршницата од Куп натпреварувањето. Струмица имаше минимална предност во финишот но не ја искористија за победа и самодоверба пред одлучувачките првенствени дуели. Капитенот Богоев и повратникот Јокич беа најефикасните во дуелот со Гостивар кои заедно со Брчков, Макенаџиев, Делипетров, Стефановски и Ангелов имаа најголема минутажа на теренот во Гостивар.

Ова е трет последователен а втор играчки пораз на кошаркарите на Струмица по направените промени во стручниот штаб и дел во играчкиот состав.  По поразот од Работнички во Скопје, службениот во дуелот со Кожув од кој имат и минус на бодовното салдо, Струмица претрпе пораз и од второлигашот Гостивар што треба да го запали алармот во таборот на КК Струмица доколку се САКА опстанок во елитата. Токму опстанокот во Првата лига е цел на новото раководство на клубот предводено од Лефтер Андонов, бидејки Струмица не треба да си дозволи да изгуби уште еден прволигаш

Андонов вчера за ВИС СПОРТ истакна дека мислите се насочени кон првенството отколку во Купот. Во првенството се потребни победик за да се обезбеди подобар старт во плеј аут дуелите. Кошаркарите на Петар Настев поправен имаат веќе во сабота против Охрид  но најважен е дуелот со Пелистер од Битола.

Препорачуваме:

По младинците и кадетите на А.Пандев во КУП финале

Ване Трајков

Виктори Волеј утре против Фит фан во Партизан за пласман мегу најдобрите во Македонија во пионерска конкуренција

Ване Трајков

Пет од пет за РК Астраион – ги испратија текстилците во Штип со +15 гола разлика