Спорт

Повлечена суспензијатa за КК Струмица, утре струмичани против Гостивар во Купот

Повлечена е суспензијата за КК Струмица. Првиот човек на клубот Лефтер Андонов и претседателот на КФМ Пеце Наумоски постигнаа договор за долгот што требаше да го платат струмичани кон федерацијата. Како што не информираше Андонов за ВИС СПОРТ, по направениот договор, утре екипата на Струмица ги продолжува дуелите од годинашнава сезона. Тимот предводен од Петар Настев ќе гостува во Гостивар против истоимениот тим во Куп натпреварите.

,,Сакам да ја информирам струмичката јавност дека суспензијата за КК Струмица е повлечена од КФМ, што значи дека утре екипата ќе ги продолжи дуелите од годинашнава сезона. Нас приоритет ни останува опстанокот во елитата. Утре играме во Гостивар Куп натпревар, престојната сабота со Охрид првенствен натпревар но за нас најважен е дуелот со Пелистер кој е закажан за 11 февруари. Со победа над овој тим ние речиси го обезбедуваме опстанокот во Првата лига,, ни изјави Андонов

Струмица заедно со Кожув и Куманово и Карпош соколи беа суспендирани од лигата бидејки имаа неисплатени долгови кон КФМ. Струмица и Кожув заработија по еден минус поен бидејки изминатово коло не играа и според правилникот на КФМ им се одзема по еден поен, што може скапо да ги чини струмичани во борбата за опстанок.

Препорачуваме:

Пинда најавува чистка и ремонт во ФК Беласица, се преговара со повеќе тренери

По младинците и кадетите на А.Пандев во КУП финале

Ване Трајков

Градоначалникот Андонов со прием на балканските шампионки во футсал

Ване Трајков