Регион

Снегот демолираше оранжерии во струмичко

Снегот кој паѓаше во струмичко, уништи стотина оранжерии кои се подготвуваа за сеидба и отпочнување на раноградинарската сезона. Најпогодeни се земјоделците од населните места Куклиш , Бориево, Моноспитово чии орнажерии не издржаа на снежната покривка од 15 тина сантиметри, па конструкциите со се полиетиленските платна, системите капка по капка се уништени. Дине Дрвошанов од Куклиш вели дека пред негови очи паѓала целата оранжерија и неможел ништо да спаси. Освен оранжерии уништени се и фолии а допрва треба да се согледат штетите кај засеаните површини со пролетна зелка но и кај лозовите и овошните насади

 

Препорачуваме:

Даночни пријави до 29 јануари

Стојне Митева

Видео – Како земјоделците да бидат силни пред трговците и откупувачите !?

За поминување на црвено 250 евра, повеќето глоби за 50 евра помали

Стојне Митева