Спорт

Ремонт во КК Струмица – Настев прв тренер, Влаикидис спортски директор,промени и во играчкиот кадар

КК ,,Струмица,, во пролетниот дел од шампинатот  ќе излезе со изменет состав како во играчкиот така и во стручниот кадар во однос на  есенската полуетапа. Вака одлучи раководството на клубот на чие чело и официјално застана бизнисменот Лефтер Андонов како претседател на клубот . Тој за ВИС СПОРТ потврди дека од функцијата шеф на стручниот штаб во клубот е сменет Златко Зетов на чие место е поставен Петар Настев кој пак  за помошник според информациите ќе го добие најверојатно Коста Караманолев.

Промени има и во играчкиот состав. Клубот ги ослободи кошаркарите од Србија Петар Јокиќ, Немања Бешовиќ и Душан Станковиќ  а не се исклучува да биде ослободен од обврските и Ивица Димчевски. Лефетер Андонов потенцираше дека со струмички ,,деца,, ќе се продолжи во понатамошниот тек од првенството за што ќе се ангажираат дел од кошаркарите од Струмица кои паузираа во есенскиот дел .  За новите кадровски промени и очекувањата во вториот дел од првенството, Андонов  за ВИС СПОРТ најави  повеќе информации веќе во петок

Освен во играчкиот табор и во стручниот штаб, промени има и во раководниот тим на КК ,,Струмица,, каде за нов спортски директор е именуван Власис Влаикидис . Струмица по есенкиот дел од шампионатот е на петата позиција со три победи и пет порази

Препорачуваме:

,,Пандевци,, му наплатија на Силекс за двата пораза, го елиминираа од Купот со пет гола

Струмичанецот Ѓеоргиев стана одбојкарски Цар на Јапонија

Ване Трајков

„АП Брера Струмица“ новата сезона ја започнува со меч против „Вардар“ од Скопје

Ѓ. K.