Регион

Продолжува нелегалната сеча над Струмица -ШС ,,Беласица,, велат немале ингеренции

Десетина граѓани кои секојдневно спортуваат и се искачуваат до ликалитетот Св Илија над градот денеска со реакција до нашата информативна редакција во нашата телевизија . Велат дека секојдневно се сведоци на нелегалната сеча по трим патеката,а овој пат дрскоста на дрвократците отишла до таму што да почнале да ги сечат дрвјата веднаш до ловен дом.Неколкупати звонеле на полиција но реакција нема ниту од СВР Струмца ниту од шумска полиција.Велат ги гледаме како секојдневно се товараат запрежни коли и без никаков проблем слегнуваат во градот.Денес го контактиравме првиот човек на Ш.С Беласица кој вели дека токму за ловен дом немаат никаква ингеренција.Појасот околу урбана средина е под надлежност на о.Струмица.

Од општина Струмица денес беа категорични дека години наназат немаат никакви ингеренции за шумскиот појас како заштитна зона над градот и урбаните места.До пред осамостојувањето на земјата со овие заштитни зони управувало ЈКП Комуналец но на седница на совет бела донесена одлука под целосно владение и управување на урбаниот шумски појас да раководи Ш С ,,Беласица,, Струмица.На нелегалната сеча над градот не реагира ниту шумската полиција која е под јуриздикција на министерството за земјоделие.Очевидците на сечата долж трим патеката почнувајки од најниската точка – ловен дом велат дека додека институциите се објаснуваат под чија надлежност е урбаниот шумски предел дрвокрадците ќе го соголат ридот над градот.

Препорачуваме:

АВМУ и во анализата на медиумскиот пазар потврди – Канал ВИС најгледана регионална телевизија во Југоистокот

Ване Трајков

Успешно изгасен пожарот во атарот на радовишко Калуѓерица

Граѓанските организации и медиумските работници бараат поголема отчетност и транспарентност на институциите во Југоистокот