Регион

Василево донесе одлука за задолжување за реализација на проекти

Кварталниот извештај за извршување на Буџетот за 2016 година за периодот од 01.01 до 31.12.2016, беше една од точките за која расправаа советниците на општина Василево на денешната 50-та седница на советот. Меѓу другото беше усвоена и точката која се однесуваше за долгорочно домашно задолжување на општината во рамки на проектот за подобрување на општинските услуги, која беше донесена во претходната година, но поради одржувањето на парлементарните избори не беше склучен договорот за задолжување, денес беше повторно ставена на дневен ред и донесена. Денес советниците ги усвоија сите осум точки кои беа на дневниот ред.

На денешната редовна седница на советот на општина Василево, се расправаше и за предлог-одлуката за утврдување на надворешен член во Комисијата за давање мислење на нацрт планови на општина Василево и утврдување на надомест на истиот. Потоа беше усвоен и извештајот за работа и активностите на клубот за пинг понг, а беше донесена и одлуката за финансиска помош на црквата „Успение на Пресвета Богородица“ Нова Маала, во износ од 20 000 денари за решавање на проблемот што оваа парохија го има со греењето.

Препорачуваме:

Министерството за внатрешни почна да дели прекршочни пријави за несменето презиме во патна исправа

Пуштена во употреба Пречистителната станица за третман на отпадни води во Струмица

Угостителите бараат да има жива музика и на маса да седнат повеќе од четири лица

Стојне Митева