Истекува рокот за поднесувања барања за паушално одданочување на земјоделците. Помалку од две недели им останува на сите земјоделци кои во 2016 година оствариле приход кој не надминува 1,300,000 денари. За да можат да се регистрираат за паушално одданочување, до 31 јануари годинава тие треба да поднесат барања кои можат да ги превземат директно од веб страницата на УЈП или во подрачните канцеларии на Управата.

Доколку земјоделската дејност е дополнителна, предвидени се даночни олеснувања во висина од 80 отсто од остварениот приход и ослободување од плаќање на данок на доход за субвенциите. Во текот на декември и јануари УЈП организира и обуки за земјоделците на тема „Пријавување и оданочување на приходи од земјоделска дејност на физички лица кои се одданочуваат во паушален износ“.