Регион

Двојно намален бројот на заболени од грип.449 новозаболени за само една седмица во Струмица

Двојно се намали бројот на болните од грип во Струмица за една седмица.За минатата недела се регистрирани вкупно 449 лица. Најмогу заболени минатата недела се лицата од 15 па се до 64 годинишна возраст.За разлика од минатата недела кога бројот на најмалите од 0 до 4 години рапидно порасна , неделава сликата е поинаква.Само 26 дечиња се регистрирани со симптом на грип.Епидемиолозите велат дека бројот се намалил недела , но не се сигурни дали истиот ќе оди во надолна линија или бројката ќе се промени со стартот на второто полугодите,односно од наредната недела.

Од општина Струмица денеска информираат дека по одлуката на комисијата за зарсзни болести да се дезинфицираат сите училишни згради пред почетокот на второто полугодие се превземаат конкетни мерки.Конкретно од одделението за образование велат дека ги чекаат сите извештаи овие денови од училиштата за превземените мерки индивидуално.Засега потврдна информација имаме дека дезинфекција е извршена во СОУ ,,Јане Сандански,,.За останатите училишни згради се очекува да се потврди во текот на неделава.

Остануваат препораките од лекарите за одржување на лична хигиена , често миење на рацете,проветрување на просториите,исхрана богата со витамини, адекватно облекување.

Граѓаните кои веќе ги чувствуваат симптомите – кашлица и кивање треба да останат во домашни услови.Освен кивањето и кашлицата, симптомите на грип се и висока температура од 38,5 степени , болки во мускулите и општа малаксаност.

Препорачуваме:

ВИДЕО: Маскенбал

Dimitar Micev

Oтворени шахти кај Герас Цунев длабоки и по половина метар

Протест на струмичките актери