Сите тутунари кои имаат склучено договори со Струмица табак која ја изгуби лиценцата за откуп на тутунот од ланската реколта, може да ги поништат и да склучат договори со останатите компании кои функционираат во струмичко. Ова е апелот кој доаѓа од здружението на тутунари „Јака„ од Струмица. Станчо Андонов тврди дека нови договори за производството од лани може да се склучат со Соко таб од Битола и Алијанс од Кавадарци, а не само Сеќе која е нова компанија и откупува во радовишко. Во јавноста се појавија информации дека тутунот што го има договорено Струмица табак може да го откупува само новоформираната Сеќе што за здружението Јака е неточно.

Струмица табак не доби лиценца од државата за откуп на тутун. Според информациите од државниот земјоделски инспекторат, оваа компанија ги немаше обезбедено потребните средства за исплата на тутунот што требаше да го откупува. По неотварањето на откупните пунктови на Струмица табак, тутунарите изразија револт бидејки се плашеа каде да го предадат тутунот од ланската реколта.